Иако не се знаат причините за нејзината повреда, сепак, од нејзиниот кабинет одговорија дека Пелоси ќе продолжи да ги извршува професионалните ангажмани
Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави, Ненси Пелоси (84) е повредена на пат за Ликсембург, каде требало со конгресна делегација требало да присуствува на одбележување на Битката кај Ардените. Од нејзиниот кабинет информираат дека таа веднаш била хоспиталзирана и и се вршат потребните лекарски прегледи.
Иако не се знаат причините за нејзината повреда, сепак, од нејзиниот кабинет одговорија дека Пелоси ќе продолжи да ги извршува професионалните ангажмани.
Таа е првата жена која ја извршуваше функцијата претседател на Претставничкиот дом на САД.
Се повлече од оваа функција во 2023 година, кога републиканците добија мнозинска контрола во Преетставничкиот дом.
Таа се смета за истакната политичарка со кариера што опфаќа седум претседателски администрации.