Исклучокот од ПЦТ-условите за влез во Словенија се уште важи за лица помлади од 15 години
Патниците кои транзитираат низ Словенија, од 23 август, ќе мора да покажат негативен тест или потврда дека се вакцинирани или дека прележале ковид-19.
„Од 23 август, транзитот низ Словенија веќе нема да биде возможен без исполнување на ПЦТ барања“,
се вели во соопштението на словенечката влада по синоќешната седница.
Дотогаш, патниците во транзит не мора да го докажуваат својот статус во однос на ковид-19 на граница ако ја напуштат Словенија што е можно поскоро, а не подолго од 12 часа.
Исклучокот од ПЦТ-условите за влез во Словенија се уште важи за лица помлади од 15 години, за сопственици на земјиште и недвижен имот во пограничната област, прекугранични работниц, мигранти и вработени во меѓународен транспорт.
Новата владина одлука, исто така, пропишува задолжително носење заштитни маски за посетителите на јавни и културни настани во затворени простории, а носењето маски станува задолжително и за собири на отворено, ако се присутни повеќе од 100 луѓе.