Нема ниту објаснување од Министерството за здравство зошто не се објавени информациите за бројките на новозаразени и починати во последните 24 часа
На половина час пред полноќ, нема информации за денешната состојба со ковид-19.
Нема ниту објаснување од Министерството за здравство зошто не се објавени информациите за бројките на новозаразени и починати во последните 24 часа.
Во последните седмици, МЗ го смени „терминот“ за објавување на дневните билтени за состојбата со епидемијата во земјава. За разлика од претходно, кога податоците се објавуваа во попладневните часови, во последниот период, откако почнаа да растат бројките на заразени и починати, за ситуацијата почна да се информира навечер.
Меѓутоа, во текот на денешниот ден, јавноста остана покуса за информации за новите заразени со ковид-19.
Доцна вечерва, МЗ се јави со соопштение, ама на друга тема: За забраната за снимање пред болницата „8 Септември“ без дозвола од директорот.
Министерството за здравство соопшти дека жали за недоразбирањето, откако вчера до медиумите испратиле известување во кое појасниле дека ниту Министерството, ниту која било друга здравствена установа има издадено наредба или донесено одлука или за забрана за снимање.
„Се надеваме дека дека Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија го разбираат притисокот под кој работат медицинските лица и сите останати служби во болниците, но МЗ отсекогаш се залагало и останува транспарентно во комуникација со новинарите и медиумите. Медиумите се еден од нашите најсилни и најсериозни партнери од почетокот на оваа криза“,
посочуваат од Министерството.