Мерењата спроведени во периодот од 21.09.2025 во 8:30 часот до 22.09.2025 година во 8:30 часот, покажуваат дека просечната концентрација изнесува 14,2 микрограми на кубен метар. Највисока измерена вредност е 44,1 микрограми на кубен метар, додека моменталното ниво е 11,9 микрограми на кубен метар
Концентрациите на ПМ 10 честички во Трубарево се во рамките на дозволените граници и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на човековото здравје, покажува последниот Извештај од индикативни мерења на квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
По пожарот што пред десетина дена се случи во фабриката „Ф-групација“, каде гореше електричен и електронски отпад, ресорното Министерство постојано врши мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево.
Така, примероците земени од воздухот во Трубарево на 13 и на 14 септември покажаа дека честичките ПМ 10 биле покачени речиси за двојно, односно биле измерени 92,65 микрограми на кубен метар, а дозволената граница е 50.

„Согласно индикативните мерења на суспендирани цврсти честички (ПМ 10) на мерното место Трубарево, спроведени во периодот од 21.09.2025 во 8:30 часот до 22.09.2025 година во 8:30 часот, просечната концентрација изнесува 14,2 микрограми на кубен метар. Највисока измерена вредност е 44,1 микрограми на кубен метар, додека моменталното ниво е 11,9 микрограми на кубен метар“,
пишува во Извештајот на МЖСПП.
Резултатите од акредитираната лабораторија што на 19 септември ги објави Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), а кои се однесуваат на квалитетот на воздухот во Трубарево, покажаа зголемување на концентрациите на олово, кадмиум и арсен.
Примероците земени од воздухот во Трубарево на 13 и на 14 септември покажале дека честичките ПМ 10 биле покачени речиси за двојно, односно биле измерени 92,65 микрограми на кубен метар, а дозволената граница е 50.
Концентрацијата на олово била 0,75 микрограми на кубен метар, а дозволената граница е 0,5. Арсен имало 8,9 нанограми на кубен метар, а дозволено е 6.
Најголемо зголемување имало кај кадмиумот, чии концентрации биле над десет пати повеќе од дозволеното. Измерени биле 59,1 нанограм на кубен метар, а дозволената граница е 5.
Концентрациите на сулфур диоксид, азот диоксид и јаглерод моноксид на сите три места се покачени од два до три пати над дозволеното. Јаглерод моноксидот, пак, чија просечна вредност не треба да надминува 10 микрограми на кубен метар, била 300.
Мерењето на квалитетот на воздухот во Трубарево доаѓа откако на 13 септември се запали фабриката „Ф-групација“ каде што имаше складирано електронски и електричен отпад.
Од пожарот се дигна црн чад што неколку часа можеше да се види речиси од цело Скопје.