Британскиот министер за вооружени сили ова го кажа во контекст на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој во изјава за француски весник по самитот во Лондон рече дека ќе има примирје меѓу двете завојувани страни
Франција и Велика Британија немаат постигнато никаков договор за едномесечно примирје за Украина, изјави британскиот министер за вооружени сили Лук Полард.

Британскиот министер за вооружени сили ова го кажа во контекст на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој во изјава за француски весник по самитот во Лондон рече дека ќе има примирје меѓу двете завојувани страни. Полард додаде дека приватно се разговара за голем број различни опции и дека она што е важно е да се изгради план што ќе донесе траен мир што е можно поскоро.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчера изјави дека Франција и Британија нудат план за Украина кој вклучува едномесечен прекин на огнот по воздух, море и енергетската инфраструктура.
„Ако тоа се почитува, тогаш тоа би се однесувало и на копнените борби по истекот на едномесечниот период со безбедносни гаранции од француската и британската војска“,
изјави Макрон.
Вчера во Лондон се одржа самит на кој европските лидери разговараа за постигнување мир во Украина, два дена по средбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателот на САД, Доналд Трамп.