Свадбата на внуката на Амбди Бајрам која требало утре да се одржи во ресторан во Шуто Оризари е откажана. Поранешниот пратеник за „360 Степени“ рече дека таква одлука била донесена денеска и дека свадба нема да има.
„Ја откажавме свадбата. Нема да има прослава, се е откажано“,
рече Бајрам за „360 Степени“.
Фотографија од поканата за свадбата од семејството Бајрам се прошири на социјалните мрежи, каде се најавува дека свадбата ќе се одржи на 11 Октомври во ресторан во Шуто Оризари.
Амбди Бајрам потврди дека планот било утре да има веселба, но вели дека е откажана.