Од 5 часот утринава пуштен е за сообраќај регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку „Јасен“, кој неколку дена беше во прекин поради пожарот во повеќенаменското подрачје

До 7 часот утрово нема активни пожари на отворен простор на територија на државава, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Под контрола е ставен пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде повеќе од десетина дена гореше мешана шума.
Исто така, од ЦУК информираа дека под контрола е и пожарот на планината Кожуф во Општина Гевгелија, како и тој во Општина Долнени кај селата Долгаец и Стровија каде гореше мешана шума.
Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) денеска информираа дека од 5 часот утринава пуштен е за сообраќај регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку „Јасен“, кој неколку дена беше во прекин поради пожарот во повеќенаменското подрачје.