Пожарот на планината Готен гореше подолг период и беше еден од потешките за гаснење. Чешки хеликоптер и пожарникари од Словенија минатата недела се вклучија во неговото гаснење
На територијата на државата денеска не се регистрирани активни пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Два пожари се ставени под контрола.
Станува збор за пожарот на планината Готен од беровска страна, каде гореше бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.
Втор пожар што е под контрола е во Општината Долнени, кај селото Стровија, зад местото викано Гајдарец – Клепало, каде што гореше нискостеблеста шума.