Во моментов во 18 од 53 земји кои припаѓаат на европската зона на СЗО, е забележано зголемување на бројката на заразени: Велика Британија, Ирска, Кипар, Грција, Франција, Италија и Германија
Светската здравствена организација денеска упати критики до Германија, Франција, Италија и Велика Британија, бидејќи пребрзо ги укинале антиковид мерките и како ррезултат на тоа сега се соочуваат со голем скок во случаите на заразени со подваријантата на омикорн сојот- стелт.
Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге на прес-конференција во Молдавија рече дека внимателно се следи моменталната епидемиолошка ситуација на континентот, нагласувајќи дека останува оптимист.
Во моментов во 18 од 53 земји кои припаѓаат на европската зона на СЗО, е забележано зголемување на бројката на заразени.
Според Клуге тоа се : Велика Британија, Ирска, Кипар, Грција, Франција, Италија и Германија, земји кои нагло ги укинаа ограничувањата, од како што рече, „премногу рестрикции на недоволно“.
СЗО ги повтори наодите од претходната анализа дека бројот на новозаразени во Европа првично значително се намалил по врвот на крајот на јануари, но повторно почнал да расте на почетокот на март.
Според епидемиолозите, овој нов скок се објаснува со доминацијата на подваријантата BA.2 на омикрон сојот, која е околу 30 проценти позаразна, но не е поопасна од омикрон.
Во текот на изминатите седум дена во зоната на СЗО за Европа, пријавени беа повеќе од 5,1 милиона нови случаи на инфекции и 12 498 смртни случаи.
Петтиот бран што ја погоди Европа не е завршен, а експертите укажуваат на политика на небрежност низ Европа, каде што земјите веќе беа обвинети за пребрзо укинување на мерките за време на претходните бранови.
„Во моментов сум претпазлив оптимист“,
изјави Клуге, додавајќи дека ќе мора да се живее со ковид-19 уште некое време.
