Да ја напуштиме секоја желба за конфликт, доминација и моќ и да го молиме Господ да му го подари својот мир на светот опустошен од војни, порача тој

Илјадници верници се собраа на плоштадот „Свети Петар“ за да го слушнат папата Лав XIV на неговата прва велигденска миса.
Окружен со бели рози на централниот балкон на базиликата во Ватикан, папата ги повика „оние кои имаат моќ да започнат војни“ да го изберат мирот.
„На овој ден на прослава, да ја напуштиме секоја желба за конфликт, доминација и моќ и да го молиме Господ да му го подари својот мир на светот опустошен од војни“,
рече тој.
Првиот папа роден во САД стана гласен критичар на војната во Иран и ги искористи неодамнешните јавни обраќања за да ги осуди глобалните конфликти и да повика на деескалација.
„Се навикнуваме на насилството, се помируваме со него и стануваме рамнодушни, рамнодушни кон смртта на илјадници луѓе“,
кажа папата.
Тој не именуваше експлицитно ниедна земја или конфликт во својата порака.
Папата ја поздрави толпата собрана на плоштадот пред и по традиционалниот благослов „Urbi et Orbi“ (до градот и светот).

Плоштадот „Свети Петар“ беше украсен со пролетни цветови, со редови нарциси и илјадници виолетови, црвени и бели цвеќиња наредени за велигденската миса.

Тој му оддаде почит на својот претходник, папата Франциск.
Додека камбаните одекнуваа низ Ватикан, а толпата аплаудираше, тој го заврши својот благослов со велигденски честитки на неколку јазици, вклучувајќи латински, арапски и кинески. Папата, исто така, објави дека ќе се врати во базиликата на 11 април за да предводи молитвено бдение за мир.
