Путин ретко се гледа во јавноста, а има и шпекулации околу неговото здравје, иако официјална Москва негираше дека рускиот претседател е болен
Руската амбасадорка во Индонезија, Људмила Воробиева, одби да го потврди присуството на рускиот претседател Владимир Путин на Самитот на Г-20 во ноември во Бали.
„Ние сè уште не можеме да потврдиме дали претседателот Путин ќе присуствува лично или онлајн… Ние сè уште имаме време да размислиме за тоа и да го почекаме развојот на настаните“,
изјави Воробиева за медиумите.
За време на телефонски разговор со претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, во април, Путин кажал дека ќе присуствува на Самитот.
Но, САД се спротивставија, соопштувајќи дека, по руската инвазија врз Украина, со Москва не може да се прават вообичаените договори.
Путин ретко се гледа во јавноста, а има и шпекулации околу неговото здравје, иако официјална Москва негираше дека рускиот претседател е болен.
Поранешниот шпион на МИ6, Кристофер Стил, за Би-би-си тврди дека рускиот лидер најверојатно ќе го снема за шест месеци, сугерирајќи оти дотогаш може да биде „онеспособен“.