Во текот на вчерашниот ден пак, кај тројца пациенти во земјава е детектирана и флурона

Во текот на изминатите три дена во државата забележан е значителен пораст на бројот на новозаразени со ковид-19, а од неодамна присутен е и сојот омикрон.
Она што може да биде за утеха е намалениот број на смртни случаи на 5 и 6 јануари, кога се регистрирани вкупно четири смртни случаи, за разлика од 4 јануари кога беа регистрирани дури 12 смртни случаи од ковид-19.
Денеска имаме рекордни 1 725 нови случаи на ковид-19, вчера 1 375, додека завчера 1 197, што е значителен пораст во однос на првите три дена од новата година, кога најголемата бројка новодијагностицирани од ковид-19 изнесуваше 435 нови позитивни случаи на 1 јануари 2022 година.
Во текот на вчерашниот ден пак, кај тројца пациенти во земјава е детектирана и флурона, односно пациенти кои истовремено се заразиле со ковид-19 и со грип, а беа регистрирани и 33 случаи на сојот омикрон.