СЗО во неделниот епидемиолошки ажуриран извештај констатира дека се потребни повеќе податоци за подобро да се разбере степенот до кој омикрон може да го избегне имунитетот стекнат со прележан ковид-19 или со вакцините
Прелиминарните докази укажуваат дека вакцините би можеле да бидат помалку ефикасни против инфекции и трансмисии поврзани со Омикрон варијантата на коронавирусот, која има поголема способност за реинфекција, соопшти денеска Светската здравствена организација.
СЗО во неделниот епидемиолошки ажуриран извештај констатира дека се потребни повеќе податоци за подобро да се разбере степенот до кој омикрон може да го избегне имунитетот стекнат со прележан ковид-19 или со вакцините.
„Како резултат на сето ова, вкупниот ризик поврзан со сојот омикрон останува многу висок“,
се додава во извештајот.
Најновиот откриен сој на коронавирусот – омикрон, кој пристигна од Јужна Африка се уште е недоистражен во однос на тоа какви реакции може да предизвика. Освен дека се шири многу побрзо и полесно од претходните варијанти, досега се мислеше и дека не предизвикува поголеми здравствени проблеми. Но, во Британија е регистриран првиот смртен случај, поради што здравствените институции не можат со сигурност да кажат какви се последиците од заразувањето.
Во меѓувреме, истражувањето на британската владина научна советодавна група за итни случаи, (SAGE) објавен викендов, заклучи дека две дози на „Фајзер“ обезбедуваат 83,7 отсто заштита од хоспитализација или смрт од најмногу мутации досега.
Во исто време, се проценува дека две дози на „Астра зенека“ го намалуваат ризикот од сериозни болести за 77,1 отсто.