Ова е четврти ваков случај за десетина дена, по Бафало, Хјустон и Филаделфија
Едно лице е убиено, а четири се повредени во оружена престрелка во Чикаго, соопштија денеска локалните власти.
Портпаролот на полицијата изјави дека престрелката се случила синоќа во 22:40 часот во северниот дел на градот.
Downtown Chicago shooting: 1 killed, 4 others shot near Magnificent Mile shopping district https://t.co/UFJKZuMC1j
— Fox News (@FoxNews) May 20, 2022
Повредените се префрлени во локалните болници, а нивните состојби варираат, од сериозни до критични, објави „Чикаго сан тајмс“.
Полицијата не ги соопшти имињата на жртвите и нивната возраст, а засега нема информации за мотивот на пукањето, како и за осомничените.
Вчера пет лица беа повредени во оружениот инцидент што се случи во Филаделфија. Претходно имаше уште два вакви инциденти во Бафало и Хјустон.