Најмасовни се протестите во Белград, каде атмосферата е повремено напната
„Не сме вреќа за удирање“, „Србија е во Ваљево, а гневот е во нас“, „Ги теравте децата да клечат, затоа народот ќе се крене“ се дел од пораките кои вечерва ги испратија демонстрантите од протестите кои се одржуваат во повеќе градови низ Србија. Најмасовни се протестите во Белград, каде атмосферата е повремено напната, како што пренесува Н1. Антивладините демонстранти од една страна на кратко беа на блиско растојание со приврзаниците на Српската напредна партија кои се наоѓаа од другата страна на полицискиот кордон.

За разлика од претходните денови кога поддржувачите на СНС гаѓаа со пиротехника, камења и шишиња, вечерва со ласери светеа кон демонстрантите, по што се повлекоа кон спротивната страна на улицата.

На протестите вечерва има засилено полициско присуство.
Протестите во Србија се одржуваат во повеќе од 20 градови, а во последните два дена ситуацијата ескалира со десетици повредени граѓани и полицајци.