Изјавата на Меџити следува откако, повикувајќи се на партиски извори, порталот Тетова сот, објави дека лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, ја напуштил коалицијата „Европски фронт“
Партиите од „Европскиот фронт“ не се споија идеолошки или за поголеми цели, туку за да опстанат на политичката сцена, изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити од коалицијата „Вреди“ откако вчера дел од медиумите објавија дека Мендух Тачи го напуштил „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ.

Рече дека нема информација дека се преговара со Тачи за негово преминување во владејачката „Вреди“.
На прашање дали планираат да преговараат со пратеници од коалицијата предводена од ДУИ за премин на нивна страна, Меџити кусо одговори:
„Мислам дека во наредниот период ќе има повеќе информации за тоа.“
Изјавата на Меџити следува откако, повикувајќи се на партиски извори, порталот Тетова сот, објави дека лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, ја напуштил коалицијата „Европски фронт“.