Тука се сместени барателите на азил додека ја чекаат одлуката
Унгарската влада денеска соопшти дека ја затвора транзитната зона на својата јужна граница со Србија, каде што се сместени барателите на азил додека ја чекаат одлука за нивната апликација.
Ова го соопшти на прес-конференција шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Гергељ Гујаш, кој рече дека ова е резултат на минатонеделната одлука на Европскиот суд за правда, кој оцени дека држењето мигранти во транзитната зона се смета за притвор.
„Унгарската влада не се согласува со таа одлука, сметаме дека е ризик за безбедноста на Европа, но како земја членка на ЕУ ќе се придржуваме до сите судски одлуки“,
рече Гујаш.
Тој соопшти дека 280 баратели на азил кои се моментално во зоната ќе бидат префрлени во прифатните центри, додека во иднина барателите на азил во Унгарија ќе ги доставуваат барањата до унгарските дипломатски мисии.