Според него, имајќи го предвид истечениот рок за партиски конгрес, одлучено е тој да се организира до 20 декември
На новинарско прашање дали на состанокот се разговарало за оставки по резултатите од локалните избори, Адеми рече дека тоа не било тема за дискусија бидејќи ќе се одржат внатрепартиски избори
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одржа седница на Централното претседателство во партиското седиште во Мала Речица, свикана од претседателот Али Ахмети.
Една од одлуките е одржување партиски конгрес најдоцна до 20 декември.

Според потпретседателот и портпарол на партијата, Арбер Адеми, на денешната седница се дискутирало за политичкиот и внатрешниот развој во ДУИ и коалицијата.
„Имајќи го предвид истечениот рок за партиски конгрес и политичкиот развој во државата, одлучено е тој да се организира до 20 декември“,
рече тој.
На новинарско прашање дали на состанокот се разговарало за оставки по резултатите од локалните избори, Адеми рече дека тоа не било тема за дискусија бидејќи ќе се одржат внатрепартиски избори.
„Претседателот Ахмети вчера на прес-конференција рече дека пораката од граѓаните е примена. На национално ниво, сепак, остануваме најголема политичка опција со над 23 илјада гласа повеќе. За некои општини, резултатите покажуваат потреба од промени, па затоа најдоцна до 20 декември ќе се одржи и партискиот конгрес“,
кажа Адеми.
На денешната седница, како што додаде, е донесена и одлука за формирање на организацискиот одбор за конгресот во кој ќе членуваат осум партиски члена.
