Министерот за внатрешни работи ги повика пратениците од мнозинството да ја поддржат интерпелацијата што ја поднесе Алијанса/Алтернатива, доколку имаат забелешки за неговата работа. Сепак, против интерпелацијата гласаа дури 60 пратеници од мнозинството
Само 11 пратеници, веројатно сите од Алијанса за Албанците и Алтернатива, гласаа „за“ интерпелацијата против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој, пак, доби поддршка од речиси сите членови на парламентарното мнозинство. „Против“ гласаа 60 пратеници, кои потоа со ракоплескање одговорија на констатацијата на спикерот Талат Џафери дека интерпелацијата не е прифатена.
Дваесетина минути пред тоа, Спасовски, во своето завршно обраќање, ги повика пратениците од мнозинството да одлучат по сопствено убедување и слободно да ја поддржат интерпелацијата што ја поднесе Алијанса/Алтернатива, доколку имаат забелешки за неговата работа. Тој се заблагодари за поднесената интерпелација, посочувајќи дека од дискусијата по оваа точка можело да се научи многу, пред се за тоа како заеднички да с поправат некои рабти.
„Аргументираната критика е основа на парламентарната демократија. Тоа е висок чин на демократија и јас ги повикувам пратениците од мнозинството да одлучуваат врз осова на својата совест. Доколку смњтатде дека нешто не е како што треба, поддржете ја интерпелацијата“,
рече Спасовски, изразувајќи жалење што изостаната дискусија од ВМРО-ДПМНЕ.
Иницијаторите на интерпелацијата бараат одговорност од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за, како што наведоа, бегството на Никола Груевски, но и на Сашо Мијалков, како и за случаите со давање македонски пасоши на меѓународни криминалци и за лицата со двојни матични броеви.
Во попладневната дебата пратениците од СДСМ истакнаа дека интерпелација е беспредметна и сега не треба да се дискутира за тоа туку, како што велат, да се решаваат важни проблеми на граѓаните.
Пратеничката Жаклина Лазаревска смета дека Алтернатива и Алијанса, како што рече, одработуваат за ВМРО-ДПМНЕ.
„Тие ја напуштија оваа расправаа од нелогични причини, но тие напуштаат секогаш кога е густо. Вие сега продолжувате од таму каде што тие застанаа. Тие се одмораат од вчерашниот протест додека ние овде расправаме за нешто што е нелогично и, неоправдано“,
рече Лазаревска.
Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не можеа да се обратат, бидејќи не беа ставени на листата на говорници, поради тоа што, како што беше објаснето, тие својата листа ја доставиле до Џафери со неколку часа задоцнување, а денеска нивен претставник не присуствувал на координација за да се договорат.
Ова е втора интерпелација за која се изјасни овој собраниски состав. Првата беше против вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, а ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш за интерпелацијата гласаа 53 опозициски пратеници, а против беа 55 од мнозинството.
