„Оваа година во јуни се распишува тендер за универзалниот снабдувач ‘ЕВН хоум’. Тој е отворен тендер, но вообичаено секогаш се јавува ЕСМ, којшто факт е дека има далеку пониска цена од пазарната. Од најавите кои ги слушам, најверојатно ќе се оди со истата цена од 62 евра за мегават-час“, кажа тој
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, не очекува промена на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.

Во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма рече оти е факт тоа што во последните години ЕСМ започна да увезува јаглен, а тоа влијае на производната цена.
Посочи и дека од термоелектраните не може да се очекува да работат беспрекорно поради нивниот сегашен капацитет.
„Во однос за барањата на цените, ќе поделиме на два дела. Оваа година во јуни се распишува тендер за универзалниот снабдувач ‘ЕВН хоум’. Тој е отворен тендер, но вообичаено секогаш се јавува ЕСМ, којшто факт е дека има далеку пониска цена од пазарната. Од најавите кои ги слушам, најверојатно ќе се оди со истата цена од 62 евра за мегават-час“,
кажа тој.
Како што додаде, од пред година и половина цените за пренос и дистрибуција ќе се определуваат во ноември и декември.
„А кога ќе се определат тие, тогаш Регулаторна ќе ја определи цената на универзалниот снабдувач, имајќи предвид дека и тогаш ќе се распишува тендер кој може да биде на шест месеци или година“,
вели првиот човек на РКЕ.