Вака министерот за здравство Беким Сали ја коментира реакцијата на дел од експертите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски кои тој вчера преку Фејсбук ги покани да бидат дел од Комисијата за заразни болести или негови советници
Сметам дека во лови на пандемија кога се бориме со вирусот не треба да се занимаваме со начинот на кој дошла поканата, туку да се приклучиме и да дадеме придонес за постигнување ако не постојано, барем привремено решение.
Вака министерот за здравство Беким Сали ја коментира реакцијата на дел од експертите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски кои тој вчера преку Фејсбук ги покани да бидат дел од Комисијата за заразни болести или негои советници.
„Поканата е јавна до сите експерти, а со пост на Фејсбук вчера ги поканив тројцата поитувани професори. Во случај на пандемија мислам дека не би требало да се занимаваме со начинот на кој сме повикани туку да прифатиме да бидеме членови на тела и групи каде се судираат аргументи со цел да се дојде до некое привремено или постојано решение“,
изјави денеска Сали.
На прашањето дали лично ќе ги повика за да разговара со нив, Сали рече дека од првиот ден на преземањето на функцијата поголем дел од деновите се занимава со тоа да се надгради Комисијата и повтори дека во овој период не е време заа дискусии, за молење и други начини на покани, туку целта е справување со пандемијата.