Црниот пазар на лажни здравствени пропусници се појави на платформата за социјални медиуми Снепчет или на Фејсбук, а фалсификуваните документи се рекламираат на голем број профили, по цени од 140 до 350 евра, откако Владата донесе одлука дека е потребен доказ за вакцинација за влез во кафулиња, меѓуградски возови и други јавни места
Французите плаќаат стотици евра за лажни здравствени дозволи на црниот пазар преку Интернет, откако Владата донесе одлука дека е потребен доказ за вакцинација за влез во кафулиња, меѓуградски возови и други јавни места, објави Радио Франс Интернешнл на својата веб-страница.
Воведувањето на пропусницата предизвика масовни протести низ целата земја, но Владата тврди дека е неопходно да се спречи четвртиот бран, кој беше поттикнат од позаразната делта-варијанта на вирусот.
Црниот пазар на лажни здравствени пропусници се појави на платформата за социјални медиуми Снепчет или на Фејсбук, а фалсификуваните документи се рекламираат на голем број профили, по цени од 140 до 350 евра.
За ова дело предвиена е казна затвор до три години.
Здравствената дозвола (Health Pass) со која се докажува дека лицето примило вакцина против коронавирус, или има негативен резултат во последните 72 часа или прележал ковид во изминатите шест месеци – беше воведена во Франција на 21 јули.
Тогаш таа беше потребно само за културни и забавни настани со капацитет од над 50 луѓе.
Меѓутоа, од почетокот на август, таа стана задолжителна и за влез во барови, ресторани, здравствени центри и користење јавен превоз на долги растојанија.
Мерката предизвика масовни протести низ целата земја, но Владата вели дека е неопходно да се спречи четвртиот бран поттикнат од позаразна делта варијанта на вирусот.
„Без оваа здравствена дозвола, ќе бевме принудени повторно да воведеме карантин“,
рече францускиот претседател Емануел Макрон, одговарајќи на критиките на почетокот на овој месец.