Четириесет и осум проценти од граѓаните се сигурни дека изборите ќе бидата спроведени на начин на кој ќе се заштитеи здравјето, додека 46 проценти не се сигурни во тоа.
Вака одговориле испитаниците од истражувањето на јавното мислење на Националниот демократски институт (НДИ) од САД, на прашањето дали веруваат дека она што го предлагаат министерот за здрацство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести за заштита на здрајето на денот на гласањето (маски, дезинфекција и растојание) ќе овозможат гласање безбедно за здравјето.

Од тие 48 проценти, 16 отсто изјавиле дека се многу сигурни, додека 32 проценти се донекаде сигурни во тоа.
Од оние 46 % кои сметаат дека не веруваат во тоа, 24 проценти воопшто не се сигурни, а 22 се малку сигурни.
Пет проценти од граѓаните не знаат, а 1 процент одбиваат да одговорат на ова прашање.
НДИ ја спроведе анкетата на јавното мислење на терен, преку интервјуа лице в лице, од 12 до 21 јуни, на национален репрезентативен примерок од 1 213 испитаници. Анкетата е со маргина на грешка од +/- 2,8 проценти и 95 проценти стапка на доверба.
