Рускиот лидер на опозицијата, Алексеј Навални, започна штрајк со глад и најави дека ќе штрајкува се додека не добие соодветна медицинска помош за неговите болки во грбот и нозете.
Навални, кој издржува затворска казна од две години и осум месеци, информацијата за штрајкот со глад ја објави на Инстаграм.
„Објавувам штрајк со глад со барање за усогласеност со законот и дозвола да ме посети лекар“,
напиша тој меѓудругото.
Наместо да добие медицинска помош, тој наведе дека бил измачуван и не му било дозволено ниту да спие.
Алексеј Навални, во понеделникот рече дека добил скоро десетина предупредувања за неговото однесување откако беше затворен минатиот месец и оти има ризик да биде испратен во самица.
Навални издржува казна затвор во Владимирската област под обвиненија за проневера, но тој тврди дека случаите против него се политички мотивирани.