Според УХМР, продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. Во четврток и петок во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд
Денеска времето во земјава ќе биде наутро свежо, а преку денот сончево со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од четири до 16 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје се очекува слично време, сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 27 Целзиусови степени.
Според УХМР, продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. Во четврток и петок во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.
