Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре нè очекува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови наместа ќе има услови за повремени врнежи од дожд
По студеното утро, денеска времето во земјава ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена локална облачност, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус четири до четири Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 10 до 20 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, денеска ќе биде исто така сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. Дневната темепратура во главниот град ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре нè очекува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови наместа ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Од вторник, следната недела, се очекува опаѓање на дневната температура.
