Денеска, времето во земјава наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец, кој ќе биде поизразен во западните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе се движи во интервал од минус пет до нула Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер од променлив правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до минус два, а максималната ќе достигне 17 Целзиусови степени.
И в петок, според УХМР, ќе се задржи стабилното време, а за време на викендот ќе има услови за краткотраен локален дожд. Температурите ќе бидат во пораст.
В понеделник се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд и намалување на температурата.
