Резултатите од студијата укажуваат дека лице што имало ковид-19 треба да се вакцинира со цел дополнително да се зајакне имунитетот стекнат по инфекцијата
Најдобрата заштита од ковид-19 е лицата да прележат и воедно да се вакцинираат, покажуваат резултатите од две неодамнешни студии.
Трудовите објавени во научното списание „Lancet Infectious Diseases“ даваат некои одговори на прашањето за кое многу се дебатира: Дали подобра заштита од ковид-19 имаме по прележаност или по вакцинација?
Резултатите од студијата укажуваат дека лице што имало ковид-19 треба да се вакцинира со цел дополнително да се зајакне имунитетот стекнат по инфекцијата.
Едното истражување се заснова на податоци собрани од повеќе од 200 000 Бразилци, додека другото на податоци од Шведска, според кои поранешните пациенти кои имале ковид-19 задржуваат зајакнат имунитет до 20 месеци.