Научниците и експертите сега треба да откријат како да произведат многу повеќе енергија од нуклеарна фузија во многу поголем обем. Во исто време, тие треба да откријат како на крајот да ги намалат трошоците за нуклеарната фузија за да може да се користи комерцијално

Научниците од Националната лабораторија Лоренс Ливермор испишаа историја со успешно производство на реакција на нуклеарна фузија што резултираше со нето енергетска добивка, пробив што го поздравија американските власти како „значајно достигнување“ и „пресвртница за иднината на чиста енергија“.
Ова е прв пат научниците успешно да го произведат ова, наместо да се распадне како што тоа беше со претходните експерименти.
Иако има уште многу чекори додека ова да биде комерцијално остварливо, од суштинско значење е научниците да покажат дека можат да создадат повеќе енергија отколку што започнале. Во спротивно, нема многу смисла да се развива.
„Ова е многу важно бидејќи од енергетска перспектива, не може да биде извор на енергија ако не извлечете повеќе енергија отколку што вложувате. Претходните откритија беа важни, но тоа не е исто што и генерирањето енергија што еден ден би можело да се искористи во поголем обем“,
изјави Хулио Фридман, главен научник во „Карбон Директ“ и поранешен главен енергетски технолог во Лоренс Ливермор за Си-ен-ен.
Нуклеарната фузија е вештачки процес кој ја реплицира истата енергија што го напојува сонцето. Нуклеарната фузија се случува кога два или повеќе атоми се споени во еден поголем, процес кој генерира огромна количина на енергија како топлина.
Научниците ширум светот ја проучуваат нуклеарната фузија со децении, надевајќи се дека ќе ја рекреираат со нов извор кој обезбедува неограничена енергија без јаглерод – без нуклеарниот отпад создаден од сегашните нуклеарни реактори. Проектите за фузија главно ги користат елементите деутериум и тритиум – и двата се изотопи на водород.
„За разлика од јагленот, потребна ви е само мала количина на водород и тоа е најзастапеното нешто што се наоѓа во универзумот. Водородот се наоѓа во водата, така што материјалот што ја генерира оваа енергија е многу неограничен и е чист“,
додава Фридман.
Научниците и експертите сега треба да откријат како да произведат многу повеќе енергија од нуклеарна фузија во многу поголем обем.
Во исто време, тие треба да откријат како на крајот да ги намалат трошоците за нуклеарната фузија за да може да се користи комерцијално.
Научниците, исто така, ќе треба да ја соберат енергијата произведена со фузија и да ја пренесат на електричната мрежа како електрична енергија. Ќе бидат потребни години – а можеби и децении – пред фузијата да може да произведе неограничени количини чиста енергија, а научниците се во трка со часовникот за борба против климатските промени.