Научниците ширум светот се тркаат да развијат иновативни решенија за огромниот проблем со загадувањето со пластика на океаните, напор што го поддржуваат бројни кампањи за подигање на свеста околу ова праашње, како што е Светскиот ден на животната средина што се одбележува на 5 јуни
Можно решение за загадувањето на океаните со пластика, што го загрозува морскиот живот доаѓа од Јапонија, каде научници развиле пластика која за неколку часа се разградува во морска вода, објави Ројтерс.

Експертите долго време експериментираат со биоразградлива пластика, а сега научниците од Центарот РИКЕН (RIKEN) и Универзитетот во Токио развиле нов материјал кој се разградува многу побрзо и не остава траги, наведува агенцијата.
Во лабораторија во градот Ваку, во близина на Токио, тимот научници демонстрирал како парче пластика исчезнува во базен со солена вода во кој стоело околу еден час.
Иако тимот сè уште не излегол со детален план за комерцијализација на нивниот пронајдок, сепак лидерот на тимот, Такузо Аида, рекол дека истражувањето привлекло значителен интерес, вклучително и од компаниите за амбалажа.
Научниците ширум светот се тркаат да развијат иновативни решенија за огромниот проблем со загадувањето со пластика на океаните, напор што го поддржуваат бројни кампањи за подигање на свеста околу ова праашње, како што е Светскиот ден на животната средина што се одбележува на 5 јуни.
Според Програмата за животна средина на Обединетите нации, се очекува загадувањето на планетата со пластика да се зголеми за тројно до 2040 година година, што значи дека дополнителни 23 до 37 милиони метрички тони пластика ќе завршат во светските мориња секоја година
„Децата не можат да ја изберат планетата на која ќе живеат. Наша должност како научници е да им ја оставиме најдобрата можна средина“,
рекол лидерот на тимот јапонски научници Такузо Аида.
Опишувајќи го новиот материјал, Аида навел тој е цврст како пластика и се базира на нафта, но се разградува на неговите оригинални компоненти кога е изложена на сол. Потоа тие компоненти можат дополнително да се обработуваат од природно присутни бактерии, со што се избегнува создавање микропластика што може да му наштети на водниот свет и да влезе во синџирот на исхрана.
Бидејќи солта е присутна и во почвата, парче со големина од околу пет сантиметри се распаѓа на копно по повеќе од 200 часа, додал тој.
Материјалот може да се користи како обична пластика кога е обложена, а тимот ги фокусира своите тековни истражувања на најдобрите методи за обложување, рекол Аида, додавајќи дека новиот материјал е нетоксичен, незапалив и не испушта јаглерод диоксид.