На мапата што ја објави Еуроњуз, за Северна Македонија засега нема ниту дозвола ниту забрана за патување во државите од Унијата
Еуроњуз, повикувајќи се на дипломатски извори на ЕУ, објави нацрт-список на земји за кои ќе бидат отворени границите на Европа. Она што е карактеристично е дека Бразил, Катар, САД и Русија навистина не се на одобрениот список.
„Заклучени во просторијата за состаноци во Брисел, властите расправаат за тоа на кого ќе му биде дозволено да влегува во ЕУ од 1 јули, кога треба да се отворат меѓународните граници, а на кого ќе му биде забрането. Има две листи. Една за оние што ќе бидат прифатени, а друга за оние што нема. Списокот веќе предизвика контроверзии откако САД се најде на вториот список“,
се наведува во текстот на Еуроњуз.
Сепак, изворите на Еуроњуз се сомневаат дека границите ќе бидат отворени на 1 јули.

На листата на земји за кои е одлучено дека нивните државјани ќе може да патуваат во ЕУ се повеќето држави од регионот, но засега не и Северна Македонија:



