Минатата недела беа претресени куќите на тројца полицајци. Овие злосторства ги извршиле додека сѐ уште биле на обука
Обвинителите во Германија откриле нелегална содржина, вклучително и нацистички симболи во пораки кои ги испраќале меѓусебно пет полицајци од три различни региони, пишува „Еуроњуз“.
До откритието дошло откако било извршено пребарување во регионот Северна Рајна – Вестфалија. Петтемина мажи, на возраст од 22 и 25 години, се осомничени за размена на нацистички симболи во виртуелни простории за разговор и поседување детска порнографија за време на нивната обука, изјавил Анет Милк, главниот обвинител што го истражува случајот.
Тројца од обвинетите припаѓаат на полицискиот оддел во Реклингхаузен, четвртиот на полициските власти во Клеве, а петтиот е припадник на полицијата во Боркен.
До овие разговори обвинителството дошло додека спроведувало истрага за шестоосомничениот. Државното обвинителство го обвини сега веќе поранешниот полицаец за размена на десничарски екстремистички симболи во онлајн разговори и за поседување и дистрибуција на детска порнографија. По завршувањето на обуката кратко време работел во полицискиот штаб.
Минатата недела беа претресени куќите на тројца полицајци. Овие злосторства ги извршиле додека сѐ уште биле на обука. Законот во Германија експлицитно забранува јавно негирање на холокаустот и ширење на нацистичка пропаганда, кој се однесува на Интернет, како и на јавните простори.
Законот содржи строги насоки за тоа како компаниите за социјални медиуми мора да го ублажат говорот на омраза и да пријавуваат закани. На почетокот на 2020 и 2019 година беа забележани неколку терористички напади на екстремната десница, што ги натера властите во Германија да предупредат на ескалација на екстремизмот.
Ова доведе до заострување на законите за говор на омраза минатата година.