Вежбата, која ќе трае до 30 октомври, како што наведуваат од НАТО, е тренажна активност и „не е поврзана со никакви актуелни светски настани“
„Steadfast Noon“, веројатно ќе се совпадне со годишните нуклеарни вежби на Москва, наречени „Гром“, што претежно се спроведуваат кон крајот на октомври и каде Русија ги тестира своите бомбардери, подморници и проектили што можат да носат нуклеарно оружје
Воздухопловните сили на НАТО в понеделник ја почнуваат својата годишна нуклеарна вежба „Steadfast Noon“, во која како што соопштија денеска од Северноатлантската алијанса, ќе учествуваат 60 авиони кои ќе извршат тренажни летови летови над Белгија, Северното Море и над Велика Британија.

Вежбата, која ќе трае до 30 октовмри, како што наведуваат од НАТО, е тренажна активност и „не е поврзана со никакви актуелни светски настани.
На вежбата, чиј домаќин оваа година е Белгија ќе учествуваат 14 земји и до 60 авиони, вклучително и борбени авиони од четврта и петта геренација, а како и претходните години присутни ќе бидат и американските бомбардери со долг дострел Б-52, што ќе пристигнат од воздухопловната база Минот во Северна Дакота, САД.
Нуклеарните вежби не вклучуваат употреба на вистински боеви глави.

Инаку, секоја година различна земја-членка на НАТО е домаќин на нуклеарините вежби „Steadfast Noon“.
„Оваа вежба помага да се осигура дека нуклеарното одвраќање на Алијансата останува безбедно, сигурно и ефективно“,
изјави портпаролот на НАТО, Оана Лунгеску.
Во соопштението на Алијансата се додава дека „новиот стратешки концепт, усвоен од сојузничките лидери на самитот во Мадрид во јуни, јасно покажува дека фундаменталната цел на нуклеарната способност на НАТО е да го зачува мирот, да спречи принуда и да ја одврати агресијата“.
Се додека постои нуклеарно оружје, НАТО ќе остане нуклеарен сојуз. Целта на НАТО е побезбеден свет за сите и бараме да создадеме безбедносна средина за свет без нуклеарно оружје“, се наведува во него.
Вежбата „Steadfast Noon“, веројатно ќе се совпадне со годишните нуклеарни вежби на Москва, наречени „Гром“, што претежно се спроведуваат кон крајот на октомври и каде Русија ги тестира своите бомбардери, подморници и проектили што можат да носат нуклеарно оружје.
Во вторникот, шефот на НАТО, Јенс Столтенберг јасно даде до знаење дека Алијансата ќе продолжи со своите вежби и покрај напнатата меѓународна состојба, потсетуваат дел од светските медиуми.
Откажување на вежбите поради војната во Украина, според него, би испратило „многу погрешен сигнал“. Тој смета дека воената сила на НАТО е најдобар начин да се спречи понатамошна ескалација на тензиите.