Според изјава на претставник на Алијансата, протераните биле „непријавени разузнувачи“, додека Москва навува можни возвратни мерки
НАТО ги повлече акредитациите на осуммина членови на мисијата на Русија во Алијансата во Брисел, кои, како што се посочува, биле „непријавени руски разузнавачи“, изјави денеска претставник на Алијансата, како што јави ДПА.
„Исто така, можеме да потврдиме дека го намаливме на десет бројот на членови што Руската Федерација може да ги акредитира во НАТО. Политиката на НАТО кон Русија останува конзистентна. Ги засиливме одвраќањето и одбраната како одговор на агресивните потези на Русија, но во исто време остануваме отворени за разумен дијалог“,
додаде официјалниот претставник на Алијансата.
Руските медиуми го цитираат високиот руски функционер Лоенид Слуцки, кој изјавил дека Москва ќе возврати на одлуката на НАТО.
Слуцки, шеф на Долниот дом на парламентарната комисија за меѓународни работи, рече дека Русија нема нужно да возврати на истиот начин.
