Германскиот канцелар додаде оти пораката на НАТО е дека ќе продолжи да го прави тоа, и тоа интензивно, сè додека Украина треба да се брани
Сојузниците на НАТО ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје во нејзината војна против Русија онолку долго колку што е тоа потребно, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц на вториот ден од самитот на Алијансата во Мадрид, јави Ројтерс.
„Добро е што земјите што се собрани овде, но и многу други даваат свој придонес за Украина да може да се одбрани – со обезбедување финансиски средства, хуманитарна помош, но исто така и со обезбедување оружје што итно и треба на Украина“,
изјави Шолц.
Тој додаде оти пораката на НАТО е дека ќе продолжи да го прави тоа, и тоа интензивно, сè додека Украина треба да се брани.