Москва рано денеска соопшти дека Русија и САД не успеале да постигнат компромис за евентуален мировен договор за ставање крај на војната во Украина, по петчасовниот состанок во Кремљ меѓу рускиот претседател Владимир Путин и врвните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп
Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се состанат денеска во Брисел за да разговараат за понатамошната поддршка за Украина, како и за тековните напори за зајакнување на одбранбените капацитети на Алијансата. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, пред собирот нагласи дека Киев останува зависен од воена помош додека Русија продолжува да ја напаѓа Украина и ги повика членките на НАТО да ветат поголема поддршка.

Тој изрази очекување дека дополнителни придонеси за иницијативата за финансирање на Листата со приоритетни барања од Украина (ПУРЛ) ќе бидат објавени во наредните денови. Оваа шема за финансирање предвидува продажба на муниција и оружје произведено во Соединетите Американски Држави на европските сојузници и Канада, кои потоа би ги ставиле на располагање на Украина.
Состанокот веројатно ќе биде во сенка на тековните мировни напори предводени од САД за Украина и отсуството на американскиот државен секретар Марко Рубио.
Москва рано денеска соопшти дека Русија и САД не успеале да постигнат компромис за евентуален мировен договор за ставање крај на војната во Украина, по петчасовниот состанок во Кремљ меѓу рускиот претседател Владимир Путин и врвните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп.
Рубио нема да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, што е многу необичен потег, а САД ќе бидат претставени од заменик-државниот секретар Кристофер Ландау.
