Како одговор на најновиот упад на дронови во воздушниот простор на Данска, но и на претходните слични инциденти во Полска и Естонија, Алијансата објави дека ќе одговори со засилени мерки кои вклучуваат повеќе платформи за разузнавање, извидување и надзор и најмалку една фрегата за воздушна одбрана во регионот западно од Русија
НАТО објави дека ја зајакнува својата мисија на Балтикот со зголемување на воздушната одбрана откако Данска пријави упад на неидентификувани дронови во нејзиниот воздушен простор.

Како одговор на овој, но и на претходните слични инциденти во Полска и Естонија, НАТО објави дека ќе одговори со засилени мерки кои вклучуваат повеќе платформи за разузнавање, извидување и надзор и најмалку една фрегата за воздушна одбрана во регионот западно од Русија.
Портпаролот на НАТО, Мартин О’Донел, изјави дека високите претставници на НАТО биле во постојан контакт со данските лидери во врска со инцидентите со беспилотните летала, најнови во низата нарушувања на воздушниот простор на земјите-членки на Алијансата.
Данското Министерство за одбрана претходно денеска објави дека синоќа се регистрирани нови неидентификувани дронови во близина на воените објекти на земјата откако претходно во текот на неделата пријави неколку упади на дронови во близина на аеродромите и критичната инфраструктура во Копенхаген.