Од избувнувањето на војната во Газа меѓу Израел и Хамас во октомври 2023 година, хутите поддржани од Иран постојано напаѓаа бродови во Црвено Море за кои се сомневаа дека имаат врска со Израел
Иран мора да го искористи своето влијание за да ги контролира јеменските бунтовници хути, кои се поддржани, снабдувани и опремени од Техеран, соопшти денеска НАТО, јави ДПА.
„Иран има посебна одговорност кога станува збор за неговите штитеници. На нападите на хутите мора да им дојде крајот“,
изјави портпаролот на НАТО, Дилан Вајт.
Од избувнувањето на војната во Газа меѓу Израел и Хамас во октомври 2023 година, хутите поддржани од Иран постојано напаѓаа бродови во Црвено Море за кои се сомневаа дека имаат врска со Израел.
Големите бродски компании сè повеќе ја избегнуваат рутата по ова море, што ги принудува да ги пренасочуваат бродовите по многу подолга и скапа рута околу Јужна Африка.
Како одговор, САД, Велика Британија и другите западни сојузници од утринава почнаа воздушни напади врз неколку позиции на хутите во Јемен.
НАТО, претходно денеска излезе со ставот дека овие американско-британски напади имаат одбранбен карактер и имаат за цел да ја зачуваат слободата на пловидба на еден од најважните светски водни патишта.