На 7 јануари министрите за надворешни работи на НАТО ќе имаат виртуелна средба на која ќе разговараат за барањата на Русија и за европските безбедносни прашања

Седницата на Советот НАТО – Русија ја закажав на 12 јануари за да разговараме за европските безбедносни прашања, посебно за ситуацијата во и околу Украина, и за прашања поврзани со медиумската и информатичката писменост, реципрочната транспарентност и активностите за намалување на ризикот, една смислена програма за дијалог во интерес на сите нас, објави на Твитер, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Тој нагласи дека НАТО никогаш нема да направи компромис со Русија за правото на Украина „сама да го избере својот пат” и да претендира на членство во Алијансата, како и правото на земјите од НАТО да ги бранат другите земји-членки на Северноатлантската алијанса.
На 7 јануари министрите за надворешни работи на НАТО ќе имаат виртуелна средба на која ќе разговараат за барањата на Русија и за европските безбедносни прашања.
Додека на 12 и13 јануари Брисел ќе биде домаќин на состанокот на Воениот комитет на НАТО, на ниво на началници на Генералштабови на сојузниците.