Одлуката е објавена откако властите соопштија дека телекомуникацискиот кабел што ги поврзува Шведска и Естонија и финско-естонскиот гасовод и кабел биле оштетени под Балтичкото Море
НАТО ги засилува патролите во Балтичкото Море по неодамнешното оштетување на подводната инфраструктура во регионот, објави Алијансата.
„Засилените мерки вклучуваат дополнителни летови за надзор и извидување, вклучително и со поморски патролни авиони, авиони на НАТО АВАКС и беспилотни летала. Флота од четворица ловци на мини на НАТО, исто така, е испратена во областа“, се вели во соопштението на НАТО.
Одлуката е објавена откако властите соопштија дека телекомуникацискиот кабел што ги поврзува Шведска и Естонија и финско-естонскиот гасовод и кабел биле оштетени под Балтичкото Море.
„Продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата и остануваме во близок контакт со нашите сојузници Естонија и Финска и нашиот партнер Шведска. НАТО ќе продолжи да ја прилагодува својата поморска положба во Балтичкото Море и ќе ги преземе сите неопходни чекори за да ги задржи сојузниците безбедни“,
изјави портпаролот на НАТО, Дилан Вајт.
НАТО, Европската унија и националните влади одлучија да ја истакнат заштитата на подморските цевководи и кабли како еден од приоритетите по експлозиите во септември 2022 година кои го оштетија Северниот тек.
Експертите кои учествуваат во истрагата велат дека штетата е последица на саботажа, но се уште не констатирале кој е одговорен.
