На социјалната мрежа Икс, Јермак напиша дека денеска имал телефонски разговор со советникот за национална безбедност на претседателот на САД, Мајкл Волц
Состанок меѓу американски и украински претставници ќе се одржи во блиска иднина, изјави денеска Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На социјалната мрежа Икс, Јермак напиша дека денеска имал телефонски разговор со советникот за национална безбедност на претседателот на САД, Мајкл Волц.
„Разговаравме за следните чекори кон праведен и траен мир“,
напиша Јермак на Икс.
Јермак посочи дека за време на разговорот со Волц размениле мислења за безбедносните прашања и за усогласување на позициите во рамките на билатералните односи меѓу Украина и САД.
„Закажавме состанок на нашите тимови во блиска иднина за да продолжиме со оваа важна работа“,
додаде тој.
Had a phone conversation with the U.S. President’s National Security Advisor, @michaelgwaltz.
— Andriy Yermak (@AndriyYermak) March 5, 2025
We discussed the next steps towards a just and lasting peace.
Според Зеленски, Киев од следната недела очекува позитивни вести од САД.
Во своето последно обраќање, тој рече дека има позитивен напредок во соработката со Вашингтон и дека очекува резултати следната недела – вклучително и идна средба меѓу двете страни.
За вербалниот судир со америнскиот претседател и потпретседателот Џеј-Ди Венс во петокот, во Овалната соба во Белата куќа, Зеленски вели дека жали што не поминал како што требало и додава оти е време работите да се исправат.