Апликацијата за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна“ e достапна на македонски, албански и ромски јазик
Жртвите на родово базирано или семејно насилство и за време на полицискиот час ќе може да пријават на 192, СОС-линиите, во Центрите за социјална работа или најблиската полициска, информираат од Министерството за труд и социјална политика. На располагање е и мобилна апликација „Биди безбедна“ (Be safe) која може да се инсталира на секој паметен телефон.
Од МТСП, информираат дека жртвите на семејно насилство кои имаат потреба од помош, поддршка и заштита најпрво да се јават на Националната бесплатна мобилна СОС-линија за жртви на семејно насилство 070/075/077 141 700.
„Оваа телефонска линија обезбедува 24 часовна точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите, достапните услуги и телефонско советување на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство или да побара помош на мобилната апликација ‘Биди безбедна’“,
велат од МТСП.
Апликацијата за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна“ e достапна на македонски, албански и ромски јазик.
„Преку оваа апликација на семејно насилство и родово базирано насилство брзо и едноставно да побараат помош и поддршка, без разлика на времето и местото на кое се наоѓаат кога се во опасност или кога сакаат да имаат потреба од поддршка“,
додаваат од Министерството.
Преку следните линкови може да ја спуштите апликацијата на секој паметен телефон.
Андроид: https://play.google.com/store/apps/details?id=budi.sigurna.mk&hl=en_US