Како што потенцираше министерот Спасовски, процедурата за издавање на патни исправи на нашите граѓани од дијаспората сега е многу поедноставена, за разлика од претходно
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска информираше оти во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во повеќето европски земји, но и во Австралија, веќе се инсталирани базни станици преку кои иселениците без проблем може да вадат патни исправи и напомена оти за издавање на лични документи во дијаспората надлежно е МНР, а не МВР.
„Издавањето се врши преку ДКП-ата. Тоа беше најголем проблем, но во најголем дел е надминат, зашто МВР пред извесно време набави базни станици, фиксни и мобилни, кои се инсталирани во ДКП-ата. Набавени се толку колку што беа побарани од МНР. Дополнително, сега, има ново барање од МНР за ваква базна станица. Една е веќе инсталирана во ДКП-ата во Австралија и таму граѓаните можат да добиваат термин, како и директно да ги даваат своите биометрсики податоци, а МВР го прави производството на патните исправи“,
рече Спасовски.
Како што потенцираше министерот Спасовски, процедурата за издавање на патни исправи на нашите граѓани од дијаспората сега е многу поедноставена, за разлика од претходно.
Според него, базните станици и целата опрема се набавени за 500 000 евра што е минимум финансиски средства во однос на она што било претходно трошено во МВР.
„Сега ќе почне набавката на дополнителни базни станици. Очекувам сè да биде онлајн поврзано со МНР и МВР за да можеме да ги издаваме побрзо патните исправи и за граѓаните во секое време да можат да извадат патни исправи“,
подвлече Спасовски.