На 26 септември вселенското летало на НАСА именувано како „Дарт“ намерно удри во астероидот Диморфос во обид да го смени правецот на неговото движење. Тестот за пренасочување беше прва пробна мисија од ваков вид
Администраторот на НАСА, Бил Нелсон, изјави дека оваа мисија покажува оти НАСА се обидува да биде подготвена за „сè што ќе ни фрли универзумот“ и дека ова е пресуден момент за планетарната одбрана и целото човештво
Американската Национална воздушно-вселенска администрација (НАСА) потврди дека мисијата што ја спроведе пред две недели за менување на движењето на астероидот Диморфос е успешно е завршена, а движењето на астероидот е променета.

Како што наведуваат оттаму, анализите на податоците од истражувачкиот тим на НАСА покажуваат оти леталото „Дарт“ при ударот во астероидот Диморфос успешно ја променило неговата орбита.
Ова е првпат човештвото намерно да го менува движењето на небесен објект во вселената.
This just in: The #DARTmission impact is confirmed to have changed the orbit of moonlet Dimorphos around its asteroid Didymos.
— NASA (@NASA) October 11, 2022
For the first time ever, humans changed the motion of a celestial object. More details: https://t.co/aQj8N7fnuV pic.twitter.com/NLR6AqEcaO
На 26 септември вселенското летало на НАСА именувано како „Дарт“ намерно удри во астероидот Диморфос во обид да го смени правецот на неговото движење. Тестот за пренасочување беше прва пробна мисија од ваков вид.
„Пред ударот на ‘Дарт’, на Диморфос му беа потребни 11 часа и 55 минути да орбитира околу својот поголем родител астероид Дидимос. Од намерниот судир на ‘Дарт’ со Диморфос на 26 септември астрономите користеа телескопи на Земјата за да измерат колку тоа време се променило. Сега истражувачкиот тим потврди дека ударот на леталото ја променил орбитата на Диморфос околу Дидимос за 32 минути, скратувајќи ја орбитата од 11 часа и 55 минути на 11 часа и 23 минути“,
посочуваат од НАСА.
Администраторот на НАСА, Бил Нелсон, изјави дека оваа мисија покажува оти НАСА се обидува да биде подготвена за „сè што ќе ни фрли универзумот“ и дека ова е пресуден момент за планетарната одбрана и целото човештво.
„Сите ние имаме одговорност да ја заштитиме нашата матична планета. На крајот на краиштата, тоа е единственото што го имаме“,
додаде тој.
Од НАСА уште еднаш посочуваат дека ниту астероидот Диморфос ниту астероидот Дидимос околу кој орбитира првиот не претставуваат никаква опасност за Земјата пред или по контролираниот судир на леталото „Дарт“.