Никој не ја посетил месечината, потсетува „Њујорк тајмс“ од мисијата „Аполо 17“ што се спроведе во 1972 година

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека планира да ја започне својата мисија „Артемида 1“ во февруари. Тоа го означува почетокот на американската програма за враќање на мисии на месечината.
Мисијата првично беше планирана да биде до крајот на оваа година и таа треба да го означи вистинското лансирање на програмата Артемис со која САД планираат во наредните години да носат луѓе на месечината, вклучувајќи ја и првата жена.
Првиот лет ќе биде без астронаути на леталото, новата голема ракета на НАСА наречена SLS треба да ја однесе капсулата Орион до Месечината и да се врати на Земјата. Официјалните претставници на агенцијата поставија два датуми за лансирањето.
„Можноста за лансирање во февруари се отвора на 12 февруари, а нашата последна шанса во февруари е 27 февруари“,
изјави на прес-конференција Мајк Сарафин, одговорен за мисијата.
Целта на летот, како што пишува „Њујорк тајмс“ ќе биде да се тестира безбедноста на леталото. Дали ќе се реализира планот во февруари, зависи од резултатите од тестирањето кои ќе се одржат наредниот период, вклучувајќи ја и генералната проба за лансирањето планирана за јануари.
Никој не ја посетил месечината, потсетува „Њујорк тајмс“ од мисијата „Аполо 17“ што се спроведе во 1972 година.