Повикот за предлози, што ќе биде објавен наскоро, ќе биде за уред способен да генерира најмалку 100 киловати електрична енергија, доволно за напојување на приближно 75 американски домови
Американската вселенска агенција НАСА ги забрзува плановите за изградба на нуклеарен реактор на Месечината до 2030 година, објави „Политико“, истајнувајќи ја вселенската трка меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и нивните ривали – Русија и Кина.

„Императив е агенцијата да дејствува брзо“,
соопшти вршителот на должноста администратор на НАСА, Шон Дафи.
Според него, од март 2024 година, Кина и Русија најмалку трипати ја објавија својата заедничка намера да инсталираат реактор на Месечината до 2030 година.
„Првата земја што ќе го стори тоа би можела потенцијално да прогласи зона на исклучување, што значително би ги спречило САД да го воспостават присуството планирано во рамките на програмата ‘Артемида‘“,
кажа тој.
Најавена за време на првиот мандат на Доналд Трамп, оваа програма предвидува испраќање нови американски астронаути на Месечината, што е закажано за средината на 2027 година, по што ќе следи воспоставување долгорочно американско присуство на Месечината, повеќе од 50 години по последната мисија Аполо.
За таа цел, НАСА со години ја проучува можноста за инсталирање мал нуклеарен реактор на Месечината, а во иднина и на Марс, за да се овозможи производство на енергија.
За разлика од системите за сончева енергија, нуклеарниот уред би можел да се инсталира во области што се трајно засенчени, особено во близина на Јужниот Пол. Тој уред би можел континуирано да произведува енергија, дури и за време на месечевите ноќи, што тна Земјата траат неколку недели.
НАСА сега има за цел да распореди таков реактор до 2030 година.
Повикот за предлози, што од страна на НАСА, биде објавен наскоро, ќе биде за уред способен да генерира најмалку 100 киловати електрична енергија, доволно за напојување на приближно 75 американски домови.
Сепак, откако се врати на власт, Трамп повеќе не е сигурен дали истражувањето на вселената треба да биде еден од неговите главни приоритети.
Некои научници се загрижени дека овие планови се мотивирани првенствено од геополитички цели и предупредуваат дека остануваат прашањата за тоа колку се реални целта и временската рамка, со оглед на неодамнешните и значајни намалувања на буџетот на НАСА.
САД, Кина, Русија, Индија и Јапонија брзаат да започнат со истражување на површината на Месечината што е можно поскоро, а некои од овие земји планираат трајни човечки населби на површината на Месечината.
За потенцијање е и тоа дека идејата за нуклеарен реактор на Месечината не е нова. Русија го предложи концептот пред години, а НАСА од неодамна ги засили своите истражувања.
Идејата за нуклеарен реактор на Месечината не е нова. Русија го предложи концептот пред години, а НАСА неодамна ги засили своите истражувања.