„Бараме одговорност и за сите изминати трагедии со ‘Беса транс’, со ‘Дурмо турс’, со онкологија и со Тетовска модуларна болница. Во овие трагични настани каде состемот потфрлил, јавноста е нецелосно информирамна за да се заштитат одредени индивидуалци или групи кои владелее во Македонија во изминатите 35 години“, рекоа од „Кој е следен“
Одговорајќи на новинарско прашање за реакциите на семејството на Фросина Кулакова, тој уште еднаш кажа дека секој граѓанин има право да го искаже своето мислење, но „Кој е следен“, напомена, ќе продолжи да се бори за секој граѓанин, за сегашните и идните генерации

Со едноминутно молчење во чест на загинатите во пожарот во Кочани денеска пред македонскиот парламент почна „народното собрание“ на граѓанската иницијатива „Кој е следен“.
Собраните граѓани поставија столчиња на улицата, а пред нив стоеше транспарент „Собранието заседава, молиме за галама“.
„Народното собрание“, како што рекоа има две точки на дневен ред. Првата беше изнесување на барањата на „Кој е следен“, а втората „граѓаните зборуваат“.
Борјан Ефтимов од Иницијативата ги изнесе барањата за правда и одговорност како за случајот во Кочани, така и за сите изминати трагедии.
„Во однос на случајот во Кочани разбирливо се сомневаме дали вистински и до крај ќе биде истерана правадата. Поради тоа бараме јавно и транспарентно да се објави целата документација односно фиксираните докази за работењето на институциите поврзано со ‘Пулс’ за сите изминати 13 години. Прво бараме да се објави документацијата и записниците од работата на Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Државниот градежен инспекторат, МВР, Државниот инспекторат за урбанизам, локалната самоуправа во Кочани, ДСЗ, УЈП, но и од телото за безбедност и превенција од несреќи“,
рече Ефтимов.
Тој побара институциите да одговорат и образложат зошто и дали воопшто не смеат да ги објават документи за потоа целата јавност да го цени нивниот одговор.
„Бараме одговорност и за сите изминати трагедии со ‘Беса транс’, со ‘Дурмо турс’, со онкологија и со Тетовска модуларна болница. Во овие трагични настани каде состемот потфрлил, јавноста е нецелосно информирана за да се заштитат одредени индивидуалци или групи кои владелее во Македонија во изминатите 35 години“,
рече тој.
Исто така, додаде дека бараат морална одговорност од здруженијата на угостители кои мора да работат и проактивно и да ги едуцираат своите членки за одговорноста што ја имаат.
„Имаме и многу други барања во однос на правдата, правосудството и одговорноста, меѓутоа сметаме дека сега ова е најкритично, а кога ќе дојде време ќе ги дадеме сите други“,
заврши Ефтимов во обраќањето.

Во однос на неработењето на Собранието во моментов, Ефтимов во изјава за медиумите нагласи дека поради тоа граѓаните симболично се собраа таму, поставија столчиња и ќе дискутираат за проблемите, ќе соочуваат различни мислења и аргументи.
„Како граѓани сме фрустрирани од неактивноста на Собранието не само во овие две недели, туку во целиот нас животен век. Собранието е исклучително пасивно иако има најголема обврска да ги претставува граѓаните. Поради тоа решивме кога веќе одат на одмор пратениците кои се платени од нашите даноци, ние како граѓани да се собереме и да дискутираме за своите проблеми, да соочиме различни мислења и аргументи зашто сметаме дека само така можеме вистински да го промениме системот и да се избориме за напредок на државата“,
рече Ефтимов.
Според него, политичките партии имаат партиски и институционални механизми преку кои би можеле да се борат ако вистински сакаат да го сменат системот.
„Изјави и соопштенија не се ништо друго, освен гол популизам чија цел е да ги приближат граѓаните кон својата политичка опција. Бараме од нив активно да работат и да придонесат за промена на општеството во рамки на мехазнимите кои ги имаат. Со ова јасно кажуваме дека не сме со политичките партии, не веруваме дека тие во моментов вистински се залагаат за суштинска промена и бараме и ги притискаме да почнат да го прават тоа зашто граѓаните се незадоволни“,
додаде тој.
Одговорајќи на новинарско прашање за реакциите на семејството на Фросина Кулакова, тој уште еднаш кажа дека секој граѓанин има право да го искаже своето мислење, но „Кој е следен“, напомена, ќе продолжи да се бори за секој граѓанин, за сегашните и за идните генерации.
„Сакаме да живееме тука, вклучувајќи ги и граѓаните кои не се согласуваат со нас. Секогаш ќе стоиме на браникот на слбоодата на говорот, прифаќаме дека тие имаат право да го кажат своето мислење, а ние имаме да кажеме поинаквои мислење и тоа е дел од едно демократско општество“,
рече Ефтимов.
Освен барањата за правда, а кои се однесуваат на пожарот во Кочани и за другите случаи што ги наведоа, од иницијативата „Кој е следен“ побараа и урбана трансформација на градот.
„Денеска сме тука за да зборуваме за нешто што не засега сите нас – нашиот град, нашата мобилност и нашата иднина. Соочени сме со растечки сообраќаен хаос, загадување, инфраструктура што не е во чекор со потребата на граѓаните. Решенија постојат“,
рече претставникот на „Кој е следен“.
Тој во обраќањето предложи неколку решенија за кои рече дека може да го трансформираат урбаниот простор и да помогнат во безбедноста.
„Најпрво да пробаме да го презамислиме урбаниот простор. Предлогот ни е зони без автомобили. Второ, како поамбициозно, е како би го замислиле градот ако еден ден во месецот би бил ден без автомобили. Најубавото од урбаниот романтизам го оставам за крај. Крајно време е главниот град да добие железнички јавен превоз“,
додаде тој.
Како „Кој е следен“ тој рече дека предлагаат креирање на граѓански сервис е-инспекторат преку кој со дигитализација на работата на инспекторатите ќе може секој да се почувствува побезбедно во локалите и во објектите.
„После последната трагедија тешко е да се замисли свет во кој инспекторатите ќе продолжат да работат како до сега. Поголема транспарентснот во работата на инспекторатите е клучно за луѓето повторно да имаат верба во нивното работење.Со ова ќе можеме конечно да имаме увид каде и во кој објект ние како граѓани сме небебзедни. Ќе може да се подобри ефикасноста на инспекциските служби и да се овозможи граѓаните да пријавуваат нерегуларности. Ова ќе значи поголема одговорност, но и побрзи решенија“,
рече тој.
Според него, неопходно е зголемувањето и на стручните инспектори.
„Потребно е клучните институции да бидат подобро екипирани“,
додаде тој.
Со денешното „Народно собрание“, како што го нарекоа од „Кој е следен“, посочуваат – „Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието“ – алудирајќи на двонеделната пауза на активностите на пратениците во парламентот по трагедијата во Кочани.
Денешниот собир е втор, откако во понеделникот илјадници граѓани се собраа на протестен марш кој почна од плоштадот „Македонија“ и преку улицата кај Собранието, старата градска болница и кејот не реката Вардар заврши пред зградата на Владата.