Според најновите макроекономски показатели и тековните податоци за периодот од април до мај, Народната Банка оценила дека продолжуваат поволните движења во економијата, видливи преку забрзаниот раст на трговијата и натамошниот раст на индустријата.
„Овие податоци, како и стапката на раст на економската активност од 4,1% во првиот квартал од оваа година, којашто е блиска до проектираната, соодветствуваат со очекувањата за солиден економски раст оваа година“,
објави Народната Банка на Република Северна Македонија.
Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка заклучува дека во контекст на најновите макроекономски проекции, економските фундаменти и натаму се здрави, без присуство на нерамнотежи во економијата.