Денеска бев информиран дека од наредна недела ќе следи дополнително намалување на цената на брашното од нашите производители! Нашата држава има општествено одговорни компании!“, напиша Бектеши на Фејсбук
Најавувајќи го замрзнувањето на цените на јацата и оризот на прес-конференција неделава, Бектеши рече дека кај брашното и кај шеќерот има тренд на намалување на цените и поради тоа засега нема да се носат мерки за замрзнување на цените на овие производи
Брашното нема да се најде на списокот на основни прехранбени производи чија цена ќе биде замрзаната, судејќи според вечерашната објава на министерот за економија, Крешник Бектеши на неговиот официјален фејсбук-профил во која вели дека наредната недела ќе следи дополнително намалување на неговата цена.

„Денеска бев информиран дека од наредна недела ќе следи дополнително намалување на цената на брашното од нашите производители! Нашата држава има општествено одговорни компании!“,
напиша Бектеши.
Владата изминатиот период донесе три последователни одлуки со кои ги замразна цените на белиот и полубелиот леб, тестенините, млекото и млечните производи, а последната одлука неделава се однесуваше на замрзнување на цените на јајцата од кокошка и оризот.
Најавувајќи го замрзнувањето на цените на јацата и оризот на прес-конференција, Бектеши рече дека кај брашното и кај шеќерот има тренд на намалување на цените и поради тоа засега нема да се носат мерки за овие производи.
„Согласно сите податоци од Царинската управа во делот на увозните цени и цените што се произведуваат, има тренд на намалување на цените и затоа таму нема да се преземат никакви мерки и очекуваме во наредните денови цените уште повеќе да се намалуваат. Во случај тоа да не направи од страна на трговците кон крајот на оваа недела или почетокот на наредната недела, ќе следуваат мерки и за овие производи“,
изјави Бектеши на 20 март.