Координаторот на пратеничката група на социјалистите (партијата на Еди Рама) Таулант Бала, по средбата со чешкиот амбасадор во Тирана, Карел Урбан, на својот Фејсбук профил објави дека е можно, наредната недела да се одржи Првата меѓувладина конференција на С Македонија и Албанија со ЕУ.


„Се согласивме за фактот дека Западниот Балкан мора да остане приоритет на Европската Унија за да овозможи продолжување на длабоките реформи во рамки на процесот на интеграција. Со амбасадорот ја споделивме добрата вест од Брисел за можноста следната недела да се одржи Првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија.“
напиша Бала.
Претходно, премиерот на Албанија упати апел до Македонците и Албанците во С Македонија да го прифатат предлогот на француското претседателство со укажување дека тој и овозможува на С Македонија безусловно пристапување и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија.